За нас

Почитувани,

Фирмата Југоекспорт Стил Скопје е основана во 1991 и започна со работа во истата година во ексклузивниот продажен простор во ГТЦ со површина од 420м2. Југоекспорт Стил ја продолжи традицијата на фирма, која ги снабдува клиентите со квалитен и модерен мебел, од фирмата Југоекспорт Белград која пред тоа функционираше на просторите на поранешна Југославија.

Нашата фирма е со скоро две децениска традиција во снабдувањето на вашиот дом и деловен простор со мебел кој е по вашиот вкус. Во изминатиот период нашата фирма прерасна во лидер на Македонскиот пазар и во моментов имамe преку 30 вработени и три изложбени салони ширум републикава - салонот во ГТЦ е со 420м2, потоа во Струмица со 610м2 и новоотворениот мебел центар во Илинден (наспроти хотел Белви) со површина од 6,000м2. Нашата фирма располага и со голем магацински простор каде нашите клиенти може да изберат од широк спектрум на производи во секое време.

Југоекспорт Стил е фирма која нуди мебел за сечиј вкус, од странско но и домашно производство. Ние гарантираме за нашиот квалитетот и со нашата сериозност и одговорна работа сигурни сме дека ќе го задоволиме секој ваш вкус и барање.

Од 2002 година нашата фирма стана ко-сопственик во фирмата Мебел Трејд Виница со што го проширивме нашето поле на дејност и во производствениот бизнис и експорт на македонски производи. Фирмата Мебел Трејд Виница изработува мебел и обработува дрво за нашиот но и европскиот пазар.

Југоекспорт Стил продолжува со искрена и квалитетна работа и со еден сериозен пристап кон вашите барања. Веруваме дека нашиот развој и проширување ќе продожи со отварање нови продажни салони ширум Републикава и странство.

Со почит,

ЃОКО АТАНАСОВ,
Директор & Сопственик

  • A.L.F., ITL
  • Alples, SLO
  • Artisan, BA
  • Calligaris, ITL
  • Camel, ITL
  • Carmen, EU
  • Cotta, LI
  • Cuborosso, ITL
  • Diva Divani, ITL
  • Ekotrade, SLO
  • EU-H, EU
  • Faber, ITL
  • Forte, PL
  • Fortrade, SLO
  • FRPGS, FR
  • Gorenje, SLO
  • HMM, BIH
  • JDirect Group
  • Jugoeksport Stil
  • Kras Oprema, SLO
  • Mebel Trejd
  • MGM, SLO
  • Miotto Design, AUS
  • MZG, SLO
  • Natisa, ITL
  • Natuzzi Ed, ITL
  • Skerjanc, SLO
  • Sleep+, TR
  • SOFO, EU
  • Top Sofa, ITL
  • WhiteOak, CH

Бесплатен транспорт

Низ цела Македонија
 

Бесплатна монтажа

Низ цела Македонија
 

+389 2 2580 050

Секогаш достапни за Вас